ВМРО-ДПМНЕ: Владата е посветена на зголемување на животниот стандард на граѓаните

Од:

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, на дело покажува вистинска грижа кон граѓаните и нивниот животен стандард. За само четири месеци се гледаат ефектите од домаќинското работење. Се намалуваат трошоците за живот, се зголемуваат платите и пензиите, почна заживувањето на економијата. Минималната синдикална кошница за храна и пијалаци во месец октомври, споредено со септември годинава, бележи намалување од 1000 денари. Ова претставува намалување од 5 проценти на трошоците за храна и пијалаци, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа е така, благодарение на мерките на владата за ограничување на бруто профитната маржа на 73 производи, кои се најзастапени во потрошувачката кошница граѓаните. Дека владината мерка за ограничување на маржата дава резултати, и дека цените на прехранбените производи се намалуваат, го потврдуваат и до Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Но, работа и посветеноста на владата во интерес и за зголемувањето на стандардот на граѓаните не застанува тука, и во иднина ќе продолжат мерките за намалување на цените на производите и зголемувањето на платите и пензии. Со тоа, владата ја прави живеачка полесна за сите и е посветена на намалува цените, намалува инфлацијата, на зголемување на животниот стандард и зголемува куповната моќ, како и зголемување на економскиот раст.
ВМРО-ДПМНЕ на дело покажува одговорно и домаќинско раководење на државата и грижа кон сите категории на граѓани, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ