ВМРО-ДПМНЕ: Владата да се подготви за справување со пожари за да ги заштити граѓаните

Од:

Власта наместо да спие треба навреме да се подготви оваа сезона за справување со пожарите. Временските прилики треба да го запалат алармот во владата и наместо скапите коктели зад високи ѕидови, да почнат да ги активираат сите расположливи ресурси за заштита на животите и имотите на граѓаните исто како и природните богатства, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Минатата година беше тотална катастрофа. Власта дозволи пожарите да се прошират и да загрозат цели населени места. Да не беше помошта од пријателски зземји кој знае како ќе поминевме. Неспособноста на Владата чинеше многу, изгорени хектари шуми, плевни, куќи, милионски штети и несогледливи последици по природата.

Доколку навреме се интервенира, таквите штети се далеку помали. Очекуваме владата да ја научила лекцијата од минатата година и внимателно ќе ја следи ситуацијата со пожарите секаде низ Македонија и навремено ќе се интервенира. Македонија и граѓаните не можат да си дозволат да страдаат поради неспосбноста на власта“, се вели во партиската реакција.

Би можело да ве интересира

Георгиева: Буџетот за 2026 покажува дека Владата води одговорна и умерена економска политика

Петкоска: Зборуваме за буџет што предвидува раст од 3,8%, односно планиран е раст со мерка додека претходната влада трошеше без мерка

Стојаноска: Со Предлог буџетот за 2026-та година се подобруваат социјалната заштита и пензиите

Бојковска: Овој Предлог-буџет ги поддржува студентите и создава услови кои младите ги заслужуваат

ВМРО-ДПМНЕ: Разрешени се Стоилев и Стоиловски од партиските функции, на Конгресот ќе присуствуваат 800 делегати

Горан Наумовски

Филипче поставува кадри кои се сметаат за блиски до кланот Заеви, велат од ВМРО-ДПМНЕ