А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Владата да одговори, кој и зошто дал дозвола за увоз на млеко со канцерогени супстанци

by А1он30/09/2023 - 14:4430/09/2023 - 14:46677
Share0

Владата на СДС и ДУИ, поточно Агенцијата за храна и ветеринарство на 21 септември оваа година во Македонија дозволила увоз на околу 20 тони трајно млеко од Република Србија. Ни помалку, ни повеќе во млекото пуштено во промет е детектиран афлатоксин М1 над максималното дозволено ниво. Оттука ова млеко е штетно за пиење, а истото предизвикува труење и други компликации по здравјето на граѓаните. Ова се темели на докази, односно ова е резултат од лабораториски анализи. Да се даде зелено светло за увоз на вакво млеко со канцерогени материи е недозволиво! Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство е целосно промашување, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Добивај вести на вибер

– Наместо целосна контрола при увоз на храна, АХВ под раководство на Бабовски свесно пушта во употреба производи со канцерогени материи. Оттука, се поставуваат прашањата, кој и зошто дозволил млекото во која е детектирано амфлатоксин М1 од Србија да биде пуштено во употреба во државава, во која количина од увезеното млеко завршило на рафтовите и дали АХВ има постапено по добиените наоди од тестирањето? Дополнително, има информации дека во сурово млеко во една од поголемите млекари во Македонија исто така е детектиран афлатоксин М1 во млекото. Во истото се надминати максимално дозволените нивоа согласно Правилникот за општите барања за безбедност на храната.

Оттука во врска со овој случај Агенцијата и Бабовски, да одговорат што е направено со таквото млеко, дали истото завршило на македонската трпеза како сурово млеко или е преработено во сирење, кој е препознатлив бренд на оваа млекара во Македонија? Апелираме на максимална претпазливост! Апеираме да се расветли ова веднаш! Бабовски веднаш да поднесе оставка! Ваквите случаи наскоро ќе бидат минато! Граѓаните на избори ќе ги казнат ваквите постапки на надлежните – велат од партијата.

vmro-dpmne

Би можело да ве интересира

Ангелова: Опозицијата шири лаги, инфлацијата во државата се стабилизира

Горан Наумовски25/12/2025 - 13:13

ВМРО-ДПМНЕ: ЕСМ бил партиски плен на СДС и ДУИ, два милиони евра се „испрани“ преку тендер

Горан Наумовски24/12/2025 - 09:08

ВМРО-ДПМНЕ: Лага е дека се суспендирани средствата од ИПАРД програмата

Горан Наумовски22/12/2025 - 10:3722/12/2025 - 11:45

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски22/12/2025 - 09:0722/12/2025 - 11:44

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место

Горан Наумовски22/12/2025 - 09:03

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски19/12/2025 - 10:0719/12/2025 - 15:11
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен