ВМРО-ДПМНЕ: Ветувањата на Јани Макрадули се само празни зборови

Од:

ВМРО-ДПМНЕ во реакција на денешната изјава на Јани Макрадули, кандидатот за градоначалник на Град Скопје од коалицијата „Сојуз за иднина“ предводена од СДСМ, истакнува дека неговите ветувања се само празни зборови, без реална основа, а уште помаклу се со финансиска поткрепа.

– Тој може да ветува што сака, кога зад себе во својата политичка кариера нема ниту едно дело или иницијатива за потребите на Скопје и скопјани. Тоа граѓаните на Скопје го знаат и затоа на 7 април ќе го кажат своето мислење за него и неговата нереална програма, се вели во ракцијата.

Кога говори дека секогаш ги исполнува своите ветувања, се нагласува, сигурно заборава дека и тој учествуваше во кампањата на СДСМ во 2002 година, кога ветуваа дека ќе вработат по еден човек од секое семејство- најголемата изборна лага која било кога е кажана во Македонија.

– Таква кампања води Јани Макрадули и на овие избори. Вчера ветуваше модернизација на Бит пазар, а не кажува дека во време на СДСМ Градски пазари Скопје се продадоа по багателна цена на луѓе блиски до СДСМ. Денес ветува дека ќе им обезбеди топлификација на жителите на Ѓорче Петров, а не кажува дека во време на СДСМ се продаде Топлификација Скопје сосе целокупната мрежа, се додава во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември