ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче е продолжение на црнилата, криминалот, предавствата и поразите на Зоран Заев

Од:

Венко Филипче на отворена сцена денес го фалеше Зоран Заев. Со други зборови тој кажа дека народот треба да му биде благодарен што Заев ја водеше држава, што го смени името, ја упропасти економијата, што СДС стана безгласна буква преку ДУИ, Артан и Ахмети. Венко Филипче не чувствувал одговорност за модуларната болница, и кажа дека понудил оставка, а не кажа дека заеднички со Заев одлучија да продолжи да биде министер за здравство и оставката беше само блеф кој народот не ја проголта, велат од партијата.

„Венко Филипче е продолжение на црнилата, криминалот, предавствата и поразите на Зоран Заев. Тој нема никаков кредибилитет. Тој е само чувар на фотелјата и продолжена рака на Зоран Заев“, се нагласува во партиското соопштение.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?