ВМРО–ДПМНЕ вечерва објави 16 кандидати за градоначалници

Од:

ИК на ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржа редовна седница на која се дискутираше за состојбата во државата и растот на економијата која се случува како плод на силната посветеност на Владата, а на која се разгледаа и избраа неколку кандидати за градоначалници, соопшти генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски.

Тој напомена дека вечерва ИК на ВМРО-ДПМНЕ ги избра следните кандидати за градоначалници:

Сопиште – Јане Мицевски

Кичево – Александар Јовановски

Крива Паланка – Оливер Алексовски

Маврово Ростуше – Онер Јакуповски

Кривогаштани – Сашо Граорковски

Шуто Оризари – Ерџан Демир

Крушево- Нико Чонески

Валандово – Ѓоко Камчев

Виница – Митко Костадиновски

Демир Хисар- Никола Најдовски

Чешиново-Облешево – Јордан Костадинов

Радовиш – Љупчо Почивалец

Чашка – Дејан Андоновски

Прилеп – Дејан Проданоски

Струмица -Петар Јанков

Неготино- Марија Нацева.

Напомена дека „во Куманово и во општина Центар ќе се поддржат кандидатите кои ќе бидат предложни од коалициската партија ЗНАМ“.

Би можело да ве интересира

Од ВМРО-ДПМНЕ го осудија сквернавењето на македонското знаме во Гостивар

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Станови со 20% попуст и нула комуналии за изградба на сопствен дом

Политичка академија на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ: За една повеќе – вредности, лидерство и заедничка политичка агенда

ВМРО-ДПМНЕ: Развоен Буџет за 2027 со фокус на капиталните инвестиции, инфраструктурниот развој и економскиот раст

Горан Наумовски

СДСМ: Ако Алта банка е во одлична форма, како што велеа, зошто сега треба да се спасува

ВМРО-ДПМНЕ излегува на терен со кампања „Очи в очи со народот“

Горан Наумовски