ВМРО-ДПМНЕ: Урбаната мафија во Центар беше во времето на Грчев

Од:

Урбаната мафија владееше со општина Центар кога таму градоначалник беше Мирослав Грчев. Во тоа време урбанистички се упропасти Дебар Маало, се дозволи да се градат промашени проекти  како објектот Тифани на булеварот Партизански одреди која и ден денес е чир во центарот, како и објектот Лумикс на плоштадот, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на кандидатот за градоначалник на општина Центар Андреј Жерновски.

Зголемувањето на енергетската ефикасност пак за која говори тој, се додава во реакцијата,  веќе е дел од стратегијата на оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

– За време на мандатот на градоначалникот Тодоровиќ се реконструираа фасадите во центарот на градот неколку улици се претворија во пешачки зони со што Скопје заличи на вистинска метропола. Се изградија и проширија неколку булевари и се изградија катни гаражи со што се растерети сообраќајниот метеж кој беше карактеристичен за центарот на Скопје долги години наназад, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември