ВМРО-ДПМНЕ: Тендер тандемот Филипче-Заев во ек на Ковид кризата поништил тендер за томографии, па објавиле нов за 15 милиони денари поскап

Од:

Венко Филипче не е само партиски другар на Зоран Заев, тие се и тендер тандем кои ги интересираат само провизиите, од кои сега градат и висококатници во најексклузивните светски дестинации. Освен СДС, турите со скапите мотори низ државата и регионот, нивна заедничка спојка сега е и Дубаи, каде што ги вложуваат парите од провизиите кои тендер тандемот Филипче-Заев ги печалеше на грбот на народот. Филипче и Заев се неразделен тендер тандем уште од времето кога заеднички владееле со државата и народот го пљачкале, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Нив ги интересира само провизиите од тендерите, државата и народот не им се битни, за народот и државата не им е гајле, тие им послужија само како средство за лично богатење.

Ковид кризата, во која од вирусот починале скоро 10 илјади луѓе, се случи за време кога Венко Филипче беше министер за здравство. Тој, заедно со својот тендер партер Заев, корона кризата ја претвориле во можност за нивно богатење.

Во ек на оваа криза, додека луѓе умираа, тогаш министерот Венко Филипче, направил јавна набавка за томографии, за кои што македонските граѓани платиле дополнителни 15 милиони денари.

Имено, првично имало јавен повик за томографии на кој требало да се плати 21 милион денари, но двајцава мајстори за афери и тендери, Филипче и Заев си одлучиле дека тоа не им одговара, па си го поништиле тендерот. После тоа, со истата фирма си направиле нов тендер по нивна мерка, но поскап за 15 милиони денари.

За време на кризата со вирусот Ковид 19, кога граѓаните секојдневно бараа вакцини за спас, Заев и Филипче си средиле тендер по нивен терк, но поскап за граѓаните.

Тоа е овој тендер тандем кој постепено го уништуваше македонското здравство за сега, од спечалените провизии, да гради висококатници во Дубаи. Затоа Заев и си го постави својот послушен пион, Венко Филипче за претседател на СДС, кој го интересира само власт за да дофати уште некој тендер, за уште некоја провизија. Но, Флипче треба да знае, дека за профитерите на маката на граѓаните и уништувачите на нивното достоинство, нема место на македонската политичка сцена и како што Заев и Ковачевски се испратени во пензија, и него го чека истото, нагласуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Пријавите против Митовски покажуваат дека тој не е жртва, туку локален шериф кој тепа граѓани

ВМРО-ДПМНЕ: Владата продолжува со инфраструктурен развој на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Морбидно е да се слуша СДС како ликуваат за пожарите низ државата

(ВИДЕО) Манасиевски: Градоначалникот тепач од Крива Паланка, пред јавноста глуми жртва, а во суштина се однесува шерифски во општината

Јаулески: За ваучерите за електронски уред издвоени се 850 милиони денари со кои се опфаќаат над 55 илјади студенти

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Режим на дело, почнаа нарачаните кривични пријави против кандидатите на СДСМ