ВМРО-ДПМНЕ: Судиите избрани од Зајас и Муртино сеуште слугуваат за СДС и ДУИ

Од:

Казните кои ги добија екс директорите Флориан Бесими и Артан Етеми, се доказ треба реформи во судството се потребни, веднаш! По 1,5 година казна затвор им беа досудени на Бесими и Етеми, за пожарот во Модуларната болница во Тетово во кој загинаа 14 луѓе. Во секоја нормална држава, казнети ќе беа сите оние кои имаат некаков допир со трагедијата, но само кај нас не. Кај нас се штитат главните виновниците, а доколку некој мора да се пушти низ вода, добива по минимална 1,5 година, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Екс директорот Бесими, во својата одбрана истакна дека до него на обвинителна клупа треба да седне Венко Филипче, кој тогаш беше министер за здравство. Зошто Филипче не е опфатен со истрагата? И зошто е заштитен како бела мечка? Да потсетиме дека тој дозволи градење на овие модуларни болници додека беше министер.
Реформи во судството на СДС и ДУИ, мора да има! Правда и одговорност, граѓаните мора да добијат, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ