ВМРО-ДПМНЕ: Субвенции за плати за ЈСП за ноември и декември изгласавме минатата година, причина за неисплаќањето на платите се неспособните Арсовска и Петревски

Од:

Ако СДС и Арсовска се грижеа за вработените за ЈСП тогаш зошто веднаш не собраа мнозинство за гласање за субвенции на ЈСП туку ги оставија на минусни температури да штрајкуваат. Причината за неисплаќањето на платите во ЈСП, не е советот, туку разузданото раководство на ЈСП, директорот од ГРОМ. Крсте Петревски и уште понеспособната градоначалничка Арсовска, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Во месец октомври, советниците на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата изгласаа 120 милиони денари за субвенции за ЈСП, и тогаш директорот на ЈСП кажа дека тоа е за плати за вработените за ноември и декември. Денес сме 23 јануари, и иако е законскиот рок до 15 јануари, вработените во ЈСП немаат сеуште плати. Прашањето е каде завршиле веќе доделените субвенции. Вчера ЈСП бараше нови 700 милиони денари субвенции.

Вистината е дека овој Совет додека е Арсовска градоначалник до сега веќе исплати 1.265 000 000 денари субвенции за ЈСП и сите тие беа поддржани од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Нема плати во ЈСП затоа што ЈСП со Арсовска, СДС, Левица се бунар дно. И овие 700 милиони денари најмалку ќе отидат за плати на вработени, туку за исплати на Пуцко Петрол и останати доверители ангажирани под сомнителни тендери.

Што се однесува до душегрижништвото на СДС, зошто Арсовска молчи за милионите евра што Владата ги должи на ЈСП? Молкот објаснува дека вчера и синдикатите и ЈСП беа грубо политички злоупотребени.ВМРО-ДПМНЕ не е мнозинство во Советот, туку СДС, ДУИ, Левица и Арсовска се, тоа што тие не можат да се договорат помеѓу нив како да ги поделат парите, тоа не е вина на ВМРО-ДПМНЕ, ниту на скопјани и народот не е должен да ги трпи нивните игри – нагласуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Лотарија функционирала како приватна фирма на Груби, СДС молчеле за криминалот

ВМРО-ДПМНЕ: Реформи и консолидација во СДС може да има само со превземање одговорност и оставка на Филипче

ВМРО-ДПМНЕ: СДС намерно ја извртува јасната уставно-правна природа на Резолуцијата и продолжува со ширење паника

СДСМ: ДПМНЕ се мачи да го одвлече вниманието на граѓаните од најважното прашање – предавството на Македонија, мигранти за пари

СДСМ: ДПМНЕ-ЗНАМ го изгласаа предавството на Македонија во Собранието

Горан Наумовски