ВМРО-ДПМНЕ: „Струмица гас“ не работи во полза на граѓаните

Од:

Од ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагираа на соопштението на ЈП „Струмица гас“ и Претседателот на комисијата за енергетика СДСМ, Митко Андреевски.

„Јасна и очекувана е паниката во СДСМ. Kриминалите на Зоран Заев се повеќе се разоткриваат.

Реакциите и на Јавното Претпријатие „Струмица гас“ и на првиот човек на комисијата за енергетика на СДСМ јасно покажаа како функционира тендерската шема на аболицираниот Зоран Заев и како парите на граѓаните завршуваат на сметките на партиските пајташи на Зоран Заев.

Јасно е дека ЈП „Струмица гас“ не работи во полза на граѓаните, туку ги извршува политичките нарачки на Зоран Заев.

Сега предметот е во рацете на Јавното обвинителство. Јавното обвинителство не смее да подлегнува на политичките притисоци од СДСМ. Треба да ги разгледа доставените докази и согласно закон да донесе одлука. Криење веќе нема. Секој што сторил криминал треба да се плаши затоа што ќе одговара пред законот“ стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?