ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски не може да избега од одговорност

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагираше на прес-конференцијата на Павле Богоевски.

„Оливер Спасовски е до гуша виновен за обидот на полицијата под негово раководство да убие две млади момчиња.

Оливер Спасовски не може да избега од одговорност. Залудно кутриот Павле Богоевски се труди да го брани.

До вчера платеникот Павле Богоевски се трудеше да ги излаже граѓаните дека е борец против полициската бруталност, а сега изгледа тажно кога пукањето на полицијата раководена од Оливер Спасовски се обидува да го претстави како професионалност на ослободената институција.

Затоа кутриот и неискусен Павле дава празни изјави од Жена Парк, наместо да ги посети момчињата во кои е пукано и да побара одговорност од Спасовски.

Секој што е малку поискусен и што има грам образ, знае дека неодговорното работење на Оливер Спасовски не се брани. Спасовски креира хаос во полицијата и затоа бега да се соочи и со децата кои сеуште се на болничка нега и со нивните родители.

Одговорност за пукањето врз момчињата мора да има и ќе има.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ