ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски ќе мора да се соочи со реалноста и ќе одговара за хаосот и кризата во која е втурната државата

Од:

ВМРО-ДПМНЕ испрати соопштение, реакција на изјавата на Оливер Спасовски.

„Помина речиси еден месец откако полицијата под контрола на Оливер Спасовски пукаше во две малолетни деца во Струмица, а одговорност за тој настан никој не понесе.

Поминаа два месеци откако беа осквернавени гробиштата во скопско Љуботен, но сеуште нема никакви резултати од истрагата на овој грозоморен чин, а виновниците се сеуште на слобода.

Поминаа две недели од грозоморното убиство на плажа во Струга сред бел ден, а сторителот сеуште претставува потенцијална опасност.

Во Скопје горат автомобили речиси секоја вечер, а насилници секојдневно се пресметуваат по локалите и дискотеките. Портали блиски до СДС почнаа да објавуваат вести дека насилници блиски до партијата почнале да рекетираат нивни бизнисмени.

Тоа е реалноста во која што живеат граѓаните. Оливер Спасовски може да се обидува да манипулира дека е намален криминалот, но еден ден ќе мора да се соочи со реалноста и нема да може да избега од одговорноста за хаосот и кризата во која е втурната државата. Одговорност мора да има и ќе има. Со заминување на неспособната власт на СДС ќе се врати правната држава и сите ќе одговараат за незаконските постапки“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ