ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски и СДСМ не може да избегаат од одговорноста за ранетите момчиња во Струмица

Од:

ВМРО-ДПМНЕ реагира на соопштението на министерството за внатрешни работи.

„Уште колку млади животи треба да бидат загрозени за Оливер Спасовски да понесе одговорност за хаосот што го креира?

Едно 16 годишно момче се уште се бори за својот живот на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување откако беше погоден во градниот кош од струмичката полиција. Второто 17 годишно момче се опоравува во струмичката болница откако му беше извршена хируршка интервенција по прострелната рана на натколеницата.

Оливер Спасовски пред медиумите на СДС/Сорос правеше спектакуларни прес конференции за неиспрано возило, а око не му трепнува барем да изрази жалење затоа што од струмичката полиција беа загрозени животите на двете млади момчиња. Тоа се лицемерието и двојните стандарди на СДС.

Ќе се обидуваат да ја минимизираат одговорноста и да се кријат зад бледи соопштенија во кои ни тие самите не веруваат. Ќе се обидуваат преку медиумите на СДС/Сорос да ги покријат фактите и да не се побара оставка ниту на Оливер Спасовски, ниту на Танчо Пројковски началникот на струмичката полиција кој без никакво раководно искуство, Спасовски си го постави надвор од законските норми.

Струмичката полиција пукаше во две млади момчиња кои не беа вооружени. Тоа е хаос и беззаконие. Оливер Спасовски и СДС колку и да сакаат да избегаат и да ја сокријат одговорноста од овој скандал, нема да можат. Момчињата имаат семејства. Момчињата имаат другари. Колку и да ги заплашуваат, колку и да се обидуваат лажните невладини организации на Сорос да го минимизираат случајот, вистината ќе излезе на виделина. Одговорност ќе има“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ