ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски е олицетворение на криминал, скандали и корупција, издаваше пасоши на криминалци, а државата ја остави демолирана

Од:

Спасовски и СДС ја оставија државата ограбена и на цедило, седум години правеа пустош а безбедноста беше нарушена. Оливер Спасовски и СДС седум години ја демолираа државата, ја ограбија и ја оставија на цедило а безбедноста беше нарушена, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Спасовски делеше пасоши на криминалци и бандити а меѓународни акции за дрога и шверц беа пробивани. За време на министерувањето на Спасовски се случија огромни скандали, кражби, и убиства а дрогата царуваше по улиците. Во време на Спасовски негови началници и командири пренесуваа дрога, од магацините на МВР се крадеше дрога и оружје, се издаваа пасоши на криминалци и нарко босови од Шкаљарски и Кавачки клан, а затвореници бегаа од затвори. Спасовски направи груба политизација на министерството за внатрешни работи.

Во време на Спасовски криминалците на сред бел ден пљачкаа банки, имаше мафијашки престрелки по молови, и многу грабежи и разбојништва. Спасовски да каже една успешна акција што ја направил додека беше на чело на МВР, нема таква. Спасовски повеќе од 7 години како министер за внатрешни работи го штитеше криминалот на ДУИ и СДС, на почетокот тоа беа Груби и Заев, а потоа Груби и Ковачевски. Спасовски нема никакво право и легитимитет да зборува за безбедност, и борба против криминалот, бидејќи меѓународни и домашни извештаи му укажуваа дека нема јасна линија помеѓу криминалот и институциите кои треба да се борат против криминалот.
Спасовски директно соработуваше со криминалците и криминалот, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните да бидат спокојни, нема да одиме по стапките на СДС и ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: ССМ и Трендафилов одбија 40 отсто зголемување на платите

СДСМ: ЗНАМ се дели, ВМРО прави ново движење за создавање контролирана и раситнета опозиција

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Сѐ што има Мицкоски е стекнато чесно и законски

Горан Наумовски

„За ВМРО-ДПМНЕ нема подобро решение од Венко Филипче – проблемот е што тој е штетен за Македонија“, реагираат од владејачката партија

А1он

(ВИДЕО) Стојаноски: СДС и ДУИ наместо да се надминат себе си, одлучија да тераат инает

А1он