ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски да даде одговор, кој го пушти синот на командант Баци, да избега од куќен притвор

Од:

Оливер Спасовски е должен пред јавноста да одговори, како синот на командантот Баци, Наим Самиу, од тетовско Шемшово, осуден за 3 кривични дела и акт за куќен притвор, му избега од пред очи. Лицето Наим Самиу, се наоѓал во куќен притвор поради дрога кокаин, а имал и мерка поради семејно насилство, кога на 13-ти месецов, повторно е пријавен за семејно насилство. На 15-ти декември полицијата го спроведува до суд за трето кривично дело. Истиот ден се готви решение за активен притвор наместо куќен. Полицијата го враќа дома, а веќе следното утро, на 16-ти, полицијата не го наоѓа дома за да го спроведе во истражен затвор, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Тука се поставува прашањето, дали некој му јавил на Самиу, од внатре во МВР, каде општо е познато дека, неговиот татко командант Баци, е близок со кадрите на СДС, во оваа институција? По којзнае кој пат, Спасовски повторно нема одговори, на прашањата, кои ги поставува јавноста. За среќа на народот Спасовски за еден месец, веќе нема да биде на местото, на кое се наоѓа сега – тврдар од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ