ВМРО-ДПМНЕ: Советникот на Филипче во Кочани да си поднесе оставка

Од:

СДС и Венко Филипче се впуштија во реализација на сценарио за негов спас и за дефокус на македонската јавност. Инцидентот во Советот на Општина Кочани, каде советник на СДС повреди општинска службеничка, не е случаен. Вчерашното насилство на советникот на Венко Филипче е дел од сценарио кое самиот Филипче го има направено пред месец дена во Дубаи на средба со Зоран Заев. Тоа е периодот кога кажавме дека Филипче 6 дена беше тајно во Дубаи, каде очигледно со својот ментор, Заев скувале план како да дефокусираат и да го спасат Венко Филипче. СДС и Венко Филипче не знаат како да се справуваат со ситуациите, па затоа секогаш кога се во тесно, прибегнуваат кој креирање инциденти и општ хаос, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Откако со лаги и манипулации се обидоа да злоупотребат трагедија за бедни политички поени, сега СДС и Венко Филипче сакаат да направат хаос во Кочани. Но, тоа нема да им успее. Јавноста јасно гледа дека ова се последни обиди за спас на политичката кариера на Филипче и нема да наседнат на нивните провокации и сценарија, преку насилство и создавање хаос.

На насилството не му е местото во државните институции, посебно во институции како општински совет, каде што советниците се бирани на непосредни избори, директно од граѓаните. Граѓаните заслужуваат достоинствено претставување од нивните избраници и нивна работа во интерес на општото добро, а не работење во служба на поединци од политиката, во случајов Филипче. Затоа, бараме итна и неотповиклива оставка од советникот на Венко Филипче во Советот на Општина Кочани, кој не е во служба на граѓаните, туку во служба за реализација на сценариото за негов спас, стокмено во Дубаи. А, од друга страна, Филипче може да крои планови и сценарија со Заев колку сака, спас му нема, затоа што граѓаните ќе го казнат на избори, а правосудните органи, за сите криминални афери, ќе мора да го процесуираат, велат од партијта.

Би можело да ве интересира

Истражување: Третина од преживеаните и повредените од „Пулс“ се соочуваат со анксиозност, депресија и посттрауматско растројство

Судење за „Пулс“: Во општинскиот регистар дискотеката не постоела, уплатите за лиценца ги вршеле „Класик ДМ“ и „ММММ“

Во Кочани откриена биста на Иле Гоцевски, возачот – херој од Итната помош

А1он

Вработена во ДЗС за „Пулс“: Елаборат и процена се клучни за безбедност

(ВИДЕО) „Ден на сеќавање – 16 март 2025“: Почит за жртвите и нивните недоживеани соништа

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно