ВМРО-ДПМНЕ: Со законот за амнестија владата сака да го легализира криминалот

Од:

„СДС продолжува со спроведување на хаос и безредие во државата.

Владата на Зоран Заев со законот за амнестија сака да го легализира криминалот. Со овој закон владата на СДС само уште повеќе ќе ја продлабочи кризата која самите ја креираат со нивното деструктивно владеење. Со ова ќе се загрози самата безбедност на македонските граѓани.

Зоран Заев преку овој закон ќе започне да инсталира криминална коалиција во која на подземјето ќе му удоволува со цел да одработи што е можно повеќе за партијата СДС.

Воедно свесен дека овој закон не може да го донесе пред локални избори Зоран Заев свесно манипулира со затворениците и нивните семејства. Зоран Заев со ова прави корумпирање на гласови во пресрет на изборите.

Граѓаните на претстојните локални избори на 15-ти октомври ќе го казнат СДС бидејќи се обидува преку законот за амнестија да инсталира каубојство и башибозлук во Македонија од кој директна штета ќе има македонскиот народ“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ