ВМРО-ДПМНЕ: Со укинувањето на „Денот на дрвото“, владата на СДС ја покажа лажната грижа за чистиот воздух

Од:

„Владата на СДС укинувајќи го денот на дрвото на површина ја покажува лажната грижа за чистиот воздух.

Чистиот воздух, исто како и ветувањето за живот на сите се лажни пароли и лажни ветувања кои ќе станат синоним за неспособноста влада на СДС и Зоран Заев.

Овие две ветувања ќе се вбројат во редот на големи лаги на СДС како онаа дека ќе вработеа по еден од секое семејство, и дека ќе носеле инвестиции.

Владата на СДС и Заев наместо по градење исклучиво ќе се памети по уривање, стопирање, и наметнување на нови давачки.

Наместо со ново зеленило, тие против загадувањето се борат со покачување на цената на нафтата, покачување на цената на паркирање и редица ретроградни мерки.

Досега над 35 милиони садници се засадени од 2009та до сега, со над 50 проценти успешност со што се смета за едно од најуспешните пошумувања во регионот. Само во Скопје само за изминатите 4 години засадени 256.000 листопадни дрвја и зимзелени садници“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ