ВМРО-ДПМНЕ: Со развојниот буџет за 2025 година ќе се обезбеди забрзана економска и финансиска трансформација на Македонија

Од:

ВМРО-ДПМНЕ е одговорна партија која посветено и домаќински работи на забрзана економска, финансиска и инфраструктурна трансформација на Македонија. Идната 2025 ќе биде развојна година со многу капитални инвестиции, развој на стопанството и зголемен животен стандард и благосостојба за граѓаните. За таа цел, владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ подготви развоен буџет, кој ќе ја поддржи и обезбеди раст на македонската економија од 3,7 отсто, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во буџетот 2025 година се проектира раст на приходите од ДДВ за 10.5% повеќе од сега, додека растот на приходите од царини ќе биде 20%, нешто што ВМРО-ДПМНЕ покажа дека е можно со напорно и домаќинско работење со преземањето на власта. Освен зголемувањето на приходите, Владата ќе ги намали и расходи, така што во делот на буџетската ставка набавка на стоки и услуги, следи намалување од 0.5%. Со вака зголемените приходи и намалени трошоци, во буџетот ќе останат повеќе пари кои што ќе завршат директно кај граѓаните. Токму затоа, буџетот за 2025 година вклучува и социјална компонента со која се предвидува зголемување на приходите на сите граѓани, така што ќе има покачување на платите и пензиите.

Со буџетот за следната година ќе следи и ново покачување на платите на наставниците и образовните работници од основното до високото образование. Исто така, покачување на платите ќе добијат и здравствените работници, државната администрација и македонската полиција, а ќе следи и второто линеарно покачување на пензиите од 2500 денари за сите пензионери. Сето ова говори дека 2025 година ќе биде развојна година со многу инвестиции, развој на стопанството и зголемен животен стандард и благосостојба на граѓаните, а за тоа ќе придонесат и осумте нови странски инвестиции кои владата веќе ги договори. Забрзаната економска, финансиска и инфраструктурна трансформација на Македонија веќе започна, а на тоа посветено работи владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на страната на Мадуро, молкот на СДС е одбрана на криминалот и диктатурата

ВМРО-ДПМНЕ: Политичка тишина, СДСМ не реагира за апсењето на венецуелскиот лидер

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и во новата година со старите приказни, 2026 година се уште враќаме ваши долгови и заеми