ВМРО-ДПМНЕ: Со отстранувањето на спомениците СДСМ внесува негативна енергија и прави раздор во македонското општество

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ со внимание ги следи изјавите на разни функционери на СДС кои најавуваат отстранување на спомен обележјата на дејци од македонската револуционерна борба за слобода како и други познати личности од Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ укажува дека политиката на пресметка или обид за собирање на политички поени на СДС преку отстранување на спомениците на композиција на светица која за време на својот живот била и добитник на Нобелова награда за мир, скопјанката Мајка Тереза или преку отстранувањето на обележјето на македонскиот војвода Андон Јанев Ќосето, близок и многу доверлив соработник на Гоце Делчев, Даме Груев и Христо Татарчев, личност која сериозно го ризикувал својот живот за целите на македонската револуционерна борба за слобода, ќе биде чекор кој ќе внесе негативна енергија и нов раздор во македонското општество.

ВМРО-ДПМНЕ им порачува на СДС да се фокусира на градење наместо на рушење, на создавање наместо на уништување и на решавање на проблемите на граѓаните. Секојдневното говорење за реформи нема да и помогне на Македонија, ако наместо спроведување реформи владата остане фокусирана на рушење и уништување.

ВМРО-ДПМНЕ ја информира јавноста и дава јавно ветување дека се што СДС ќе сруши и уништи од она што е создадено веднаш по враќањето на власт ќе биде обновено и вратено таму каде што било и такво како што било и ќе биде покрената одговорност за секој кој сега ќе учествува во разни рушења, уништување или преместувања и слично.

На 4 септември 2016 година, вон делегацијата на Република Македонија предводена од претседателот Иванов, во Ватикан на чинот на прогласување на Мајка Тереза за светица беа поканети и присутни, Зоран Заев и Никола Груевски. Како е можно Зоран Заев да изразува почит на светата Мајка Тереза со одење во Ватикан на тој ден, а веднаш откако стана премиер, веднаш по доаѓањето на власт да застане зад рушењето на речиси доведената при крај градба на споменична композиција на светицата и добитничка на Нобелова награда, почитувана во целиот свет независно на вера и нација.

Како е можно на 23-ти октомври да се положува цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев, а војводата преку кој Гоце Делчев ја реализирал својата револуционерна борба да сакаат да го отстранат. Нарекувањето убиец на Андон Јанов Ќосето е навреда и понижување за сите учесници во македонската револуционерна борба во сите нејзини фази за борба за слобода, вклучувајќи ја и НОБ. Револуционерната борба за слобода било каде и било кога не се остварувала само со пишување декларации и натписи, туку и со оружје во рака и ризикување на сопствениот живот“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ

Лефков: Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар

Предраг Петровиќ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

ВМРО-ДПМНЕ: СДС вината за тонењето треба да ја бара кај себе, а за навредите мора да им се извини на граѓаните

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ