ВМРО-ДПМНЕ: Со новите измени цените на приватните геодетски фирми може да се покачат и за 100 отсто

Од:

ВМРО-ДПМНЕ реагира на соопштението на СДСМ за намалувањето на цените на Катастарот.

„Владата на СДС продолжува да создава хаос низ државата.

Со последната одлука на СДС за измените во Агенцијата за катастар на недвижности, каде најавија максималната цена да биде минимална цена како и укинувањето на можноста за 50% намалување на цените на услугите министерот Сугарески фактички објави зголемување на цените на услугите на приватните геодетски фирми за минимум 50%. Сегашната минимална граница ќе биде максимална граница додека максимална граница воопшто нема да постои. Имајќи во предвид дека во поедини градови во Република Македонија има една или ниедна геодетска фирма цената на услугите во тие градови може да се покачи дури и за повеќе од 100%.

Владата на СДС единствено размислува како да си ги засити своите апетити, без да мислат за социјално ранливите категории на граѓани. За тоа најдобар пример е и со што СДС најави враќање на делот на надлежности кои што ги имаат Агенцијата за катастар и недвижности на приватните геодетски фирми. Фактички тоа значи укинување на бесплатните геодетски елаборати за социјалните категории на граѓани, и укинување на бесплатните геодетски елаборати за граѓаните од поплавените подрачја.

СДС и Заев поради непосветеноста и негрижата за граѓаните се прочитана книга, конечниот суд ќе го видат на претстојните локални избори каде жестоко ќе бидат поразени“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ЗНАМ се дели, ВМРО прави ново движење за создавање контролирана и раситнета опозиција

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Сѐ што има Мицкоски е стекнато чесно и законски

Горан Наумовски

„За ВМРО-ДПМНЕ нема подобро решение од Венко Филипче – проблемот е што тој е штетен за Македонија“, реагираат од владејачката партија

А1он

(ВИДЕО) Стојаноски: СДС и ДУИ наместо да се надминат себе си, одлучија да тераат инает

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го смени Членот 353 со кој си се амнестираше од криминалот, сега бара негови измени

ВМРО-ДПМНЕ: Грегоријанецот Венко треба добро да ги проучи календарите