ВМРО-ДПМНЕ со митинзи во Делчево и Берово

Од:

Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ денеска со митинзи во Делчево и Берово.

На митингот во Делчево кој ќе започне во 17:30 часот, промовиран ќе биде кандидатот за градоначалник на владејачката коалиција, Дарко Шехтански.

Кандидатот за градоначалник и актуелен градоначалник на Берово од ВМРО-ДПМНЕ, Драги Наџински ќе биде промовиран пред сограѓаните во 20:30 часот.

Мали митинзи и посети се предвидени во Македонска Каменица во 16:00 каде ќе биде промовиран кандидатот за градоначалник и актуелен градоначалник, Дарко Митевски и во Пехчево во 19:00 каде ќе биде промовиран Игор Поповски, кандидатот за градоначалник за оваа општина.

За утре, вторник предвидени се митинзи во Кисела Вода и Центар и мали митинзи и посети во Вранешница и Другово.

Би можело да ве интересира

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

Анкети: Екстремно десничарската Партија на слободата на Австрија победи на изборите

ВИДЕО: Го натераа Џо Бајден да стави капа „Трамп 2024“

Единствена Русија прогласи победа на регионалните избори

Кремљ ги отфрли обвинувањата на Вашингтон за мешање во претседателските избори во САД