ВМРО-ДПМНЕ: Со либерализацијата на пазарот на електрична енергија, сметките на граѓаните ќе се зголемат за најмалку 20 отсто

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагираше на вчерашната прес-конференција на премиерот Зоран Заев на која што најави враќање на евтината тарифа за струјата.

„СДС во наредната година ќе ја зголеми цената на струјата.

Со либерализација на пазарот на електрична енергија која планира да ја воведе владата на СДС, сметките на граѓаните за електрична енергија ќе се зголемат, за најмалку 20%.

Тоа е многу повеќе од спектакуларно најавеното воведување на двочасовна ефтина тарифа, која повторно ќе ја платат граѓаните, но на друг начин.

СДС и Заев сега го промовираат овој популистички потег, единствено за да ги изманипулираат граѓаните и да добијат некој глас повеќе на локалните избори. Толкав ќе биде ефектот. Толку ги интересираат граѓаните. Лагите им се со краток рок. Исто како изјавите на Заев дека немало да има казни за Законот за јазици или дека имало 500.000 фантоми. Исто како што најавуваа поголеми пензии и плати, а платите паѓаат и се укинува покачувањето на пензиите.

Граѓаните треба да се свесни дека многу брзо после локалните избори, ги очекуваат повисоки сметки за електрична енергија.

Либерализацијата на пазарот на електрична енергија ќе биде нов голем удар по буџетот на граѓаните. Удар од кој ќе имаат корист само лоби групите блиски на СДС кои поседуваат енергетски компании кои се занимаваат со трговија на електична енергија“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ