ВМРО-ДПМНЕ со Иван Франгов за втор градоначалнички мандат во Гевгелија

Од:

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ вечерва во салата на Народниот театар во Гевгелија за втор градоначалнички мандат на претстојните локални избори го промовира актуелниот градоначалник на Гевгелија Иван Франгов.

На присутните гости на промоцијата, меѓу кои и министерката за култура Елизабета Канчевска Милевска претседателот на општинскит комитет на ВМРО-ДПМНЕ Александар Атанасов порача дека Франгов ќе донесе победа затоа што има визија, дела и поддршка од Владата.

– На 24 март ќе покажеме по петти пат како се победува на избори, посочи Атанасов.
Според Франгов, на локалните избори граѓаните на Гевгелија ќе ја одберат политиката на ВМРО-ДПМНЕ како најуспешна за иднината на Гевгелија.

– Одговорно, чесно и транспарентно. Само со овие три зборови би можел накратко да го опишам периодот од четири години кои поминаа. Заедно со Владата на РМ на чело со премиерот Никола Груевски во услови на најголемата светска и економска криза посветено и со љубов работевме за да ги подобриме условите за урбано живеење и да обезбедиме услови за поповолна бизнис клима во Гевгелија. Додека за некои кризата беше фрустрација за нас беше предизвик, рече Франгов.

Тој додаде дека најголемиот дел од проектите што ги ветил се реализирани и оти се работи на останати.

– Ова беше и мојот главен мотив по втор пат да го прифатам предизвикот да бидам кандидат за градоначалник, да го завршиме почнатото и да продолжиме со реализација на нови капитални објекти. Вечерва од поважните ќе ги споменам развојот и промоцијата на индустриската зона Билото, изградба на нов објект за Факултетот за бизнис логистика и туризам, комплетирање на спортско рекреативниот комплекс Касарна и изградба на спортска сала за три илајди гледачи, изградба на пречистителна станица за фекални води покрај Вардар, до реализација на проектот Рауљ, изградба на Конска брана, подобрување на водоснабдувањето и реконструкција на водоводната мрежа на Гевгелија и населените места и уште многу други, рече Франгов.

Длабоко сум убеден, додаде, дека многу граѓани на општина Гевгелија размислуваат како мене и дека со нивна и со ваша помош во наредните четири години ќе направиме Гевгелија да биде не само порта, туку и вистински дел од Европа.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“