ВМРО-ДПМНЕ: Со бегањето од референдум, Ковачевски бега од народот

Од:

Нелегалниот премиер Ковачевски со бегањето од референдум бега од народот. Референдумот е најголемото достигнување на демократијата, со него се дава право и можност народот да одлучи по секое едно прашање кое е надвор од редовната работа на една власт. Такво прашање е асимилацијата која Ковачевски сака по секоја цена да ја протурка. Народот мора да биде прашан, дали тоа што го турка Ковачевски е во негов интерес или не, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ако Ковачевски верува во себе и дека тоа што го прави е исправно, тој ќе излезеше на референдум. Но Ковачевски знае дека прави предавство и врши бугаризација и асимилација на народот и затоа бега од референдум.

Сакајќи да го стави прашањето со референдумот зад себе, мислејќи дека ќе помине брзо, тој дава изјави со кои го омаловажува народот и го покажува своето вистинско лице.

Ковачевски работи единствено во интерес за ден повеќе да остане на власт. Сето негово делување од сега па до денот кога ќе падне од власт ќе бидат единствено за гол опстанок на власт“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на страната на Мадуро, молкот на СДС е одбрана на криминалот и диктатурата

ВМРО-ДПМНЕ: Политичка тишина, СДСМ не реагира за апсењето на венецуелскиот лидер

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и во новата година со старите приказни, 2026 година се уште враќаме ваши долгови и заеми