А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Со 320 милиони евра можеа да се изградат 45 детски клиники низ Македонија

by А1он04/09/2017 - 09:07215
Share0

„Изградбата на детската болница „Козле” чинеше 7 милиони евра. Со 320 милиони евра расипнички потрошени народни пари, неспособната влада на СДС можеше да изгради дури 45 детски клиники низ градовите и да ги опреми детските болниците со најсовремена здравствена опрема. СДС расипнички ги истроши парите, а не е изградена, ниту реновирана ниедна клиника. Отворањето на повеќе нови детските клиники, дополнително ќе го зголемеше и квалитетот на здравствените услуги во Република Македонија.

Добивај вести на вибер

Вртоглавата сума од 320 милиони евра кои СДС ги расфрли за луксузирања, опремувања на кабинети со цвеќиња,набавка на апетисани и службени патувања во странство, можеше да ги употреби на реални проекти од кои сите ќе имаа бенефит и ќе се зголемеше на стандардот на граѓаните.

На што ги потрошија СДС и Заев, 320-те милиони евра народни пари никој не знае.Граѓаните заслужуваат одговор за безмилосното трошење на нивните пари од буџетот.

Неспособната влада на СДС ги занемари барањата и потребите на граѓаните во трката за вдомување на своите партиски војници.

СДС поради неспособноста и недомаќинското работење ја доведе државата пред банкрот.

СДС ја повлече економијата по надолна линија. Прв пат после 10 години имаме пад напросечната плата за 0.7 процени а имаме и пад на индустриското производство за 2,2%.

Стагнирање во економијата кое се случи под палката на СДС, значи и помалку нови-работни места,100 милиони евра помалку странски директни инвестиции во јули 2017, за разлика од истиот месец 2016 година.

Поради ваквите лоши политики, СДС ќе биде поразен на предстојните локални избори на 15-Октомври“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

vmro-dpmne

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

Горан Наумовски27/02/2026 - 19:39

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

Горан Наумовски26/02/2026 - 09:12

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

Горан Наумовски26/02/2026 - 09:11

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

Горан Наумовски25/02/2026 - 20:08

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Горан Наумовски24/02/2026 - 09:19

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ22/02/2026 - 12:4822/02/2026 - 13:55
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен