ВМРО-ДПМНЕ: Системска корупција доведе дo несреќа со 44 жртви, одговорност и оставки на Спасовски и Бочварски

Од:

Системска корупција доведе до несреќа од 44 жртви, одговорност и оставки на Спасовски и Бочварски. Спасовски и Бочварски веднаш да си поднесат оставки, три дена по несреќата не се знае кој се е починат, а кој преживеан реагираат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

-Автобусот на Беса транс немал потребна документација, тој поминал царина, поминувал полициски контроли, инспекторати и бил пропуштен во меѓународен сообраќај, не еднаш неколку пати, и ниту Оливер Спасовски, ниту Бочварски не наоѓаат вина кај себе. Во автобусот очигледно немало ниту потребна опрема за спасување при несреќа, која опфаќа обични чекани за кршење на стакла, ниту противпожарни апарати. Три дена по несреќата државата не располага со податоци кои лица се починати, колку луѓе имало во автобусот, колку се спасени. Оставени се и семејствата на починатите и јавноста на нагаѓањето на медиумите. Се што требаше да се направи е да се побара список од компанијата кои луѓе се качиле во Македонија, колку од нив се вратиле и кои во кој автобус биле. За оваа проста операција на власта и требаат три дена. Случајот изнесе на површина и дека во изминатиот период секакви возила биле пуштани во сообраќај, и за тоа мора некој да сноси одговорност, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет

Манасиевски: Не постои барање од Бугарија кое уценетиот Филипче нема да го исполни за да дојде на власт

Милошоски: Кадарот на Филипче, Заев и Ахмети, Ислам Абази ја запре судската постапка за сомнителната набавка на мазут вреден 167 милиони евра

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче лажеше дека Бугарија не го негира нашиот идентитет, за министерката за надворешни работи на Радев сме ,,северномакедонци”

Манасиевски: Филипче по стапките на Заев, подготвен да ги исполни бугарските барања на штета на Македонија

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица