ВМРО-ДПМНЕ: Што ќе каже стопанот Ахмети, тоа го прифаќа слугата Ковачевски – Талат е недостоен за функцијата премиер

Од:

Димитар Ковачевски и СДС се малцински партнери во владата на ДУИ и Али Ахмети. Ковачевски со поддршката за Талат Џафери да биде премиер го потврди она кое што ВМРО-ДПМНЕ го зборуваше изминатите години, а тоа е дека тој е спремен да прифати се што им нуди ДУИ и Ахмети, само за да продолжат матните бизнис зделки и криминал. Талат Џафери е недостоен за функцијата технички премиер на владата. Од Талат Џафери не може да се очекува спроведување на фер и демократски избори, бидејќи од функција на претседател на Собранието, ги прекршување Деловникот и процедурите, заклучуваше врата од пленарна седница за да не се пријават други пратеници за збор и со тоа ја прекрши демократијата, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„Џафери не може да биде премиер бидејќи во 2001 година дезертирал од Армијата на Македонија. Џафери не може да биде премиер бидејќи го блокираше законот за македонските бранители. Талат Џафери е недостоен за функцијата бидејќи цела македонска јавност слушна како им се обраќа на собраниските службеници, со пцовки, навреди и закани. Во некоја нормална земја, до сега Џафери ќе беше испратен во политичка пензија, а не да биде назначен за технички премиер на Македонија. Само дезертерот Ковачевски може да прифати друг дезертер како Талат да управува со владата.

Со Ковачевски, СДС стана непрепознатлива партија, и освен што и отпаѓа рејтингот, туку е и целосно деградирана во владата. Ковачевски е само обична марионета и слуга во владата, а Ахмети е стопан, се што тој кажува, Ковачевски само прифаќа. Ахмети не работи за доброто на народот, туку лично за себе и фамилијата. СДС и ДУИ ја носат Македонија во пропаст. Затоа на изборите народот ќе ги казни и ќе ги испрати во длабока опозиција. За Македонија да оди напред, потребно е СДС и ДУИ да си заминат час поскоро“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на страната на Мадуро, молкот на СДС е одбрана на криминалот и диктатурата

ВМРО-ДПМНЕ: Политичка тишина, СДСМ не реагира за апсењето на венецуелскиот лидер

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и во новата година со старите приказни, 2026 година се уште враќаме ваши долгови и заеми