ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов ветува дека ќе го исчисти воздухот, а владата на СДСМ не презеде ниту еден проект за почиста средина

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на изјавата на Петре Шилегов.

„Петре Шилегов е прочитана книга.

Петре Шилегов и Зоран Заев се истите луѓе кои на минатите избори ветуваа живот, а донесоа сиромшатија, ветуваа плати од 500 евра, донесоа намалување на просечните плати, ветуваа нови работни места, а донесоа затворање на погони и фабрики, ветуваа проекти за млади, а не реализираа ниту еден проект, напротив им ги укинаа оброците на студентите.

Така и сега Петре Шилегов со манипулации и веќе видени работи ја започна кампањата во Скопје.

Ветуваат дека ќе го исчистат воздухот, а централната власт која е во рацете на СДС не превзема ниту еден проект за почиста животна средина. Напротив граѓаните мака мачеа цело лето со депониите во Струга, Куманово и Тетово, а централната власт не превзема ништо.

Негрижата за граѓаните е очигледна.

Граѓаните во изминатите три ипол месец имаа можност да го видат неспособното работење на СДС.

Граѓаните сега повторно слушаат бледи ветувања и затоа на 15ти октомври ќе кажат Не за Шилегов, НЕ за СДС“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ