ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов нека ги спаси скопјани и нека си даде оставка

Од:

Македонија ја има најнеспособната влада, а за жал градот Скопје го доби најнеспособниот градски татко, велат од ВМРО-ДПМНЕ во нивното соопштение.

„Денес во главниот град не е главна тема правење на булевари, паркови, водоводи и канализации, туку главен проблем стана рутинско прскање против комарци. Петре Шилегов не може да се справи со обични комарци, не пак да изгради некаков проект или реши некој позначаен проблем. Шилегов ги остави граѓаните на милост и немилост на комарците кои можат да се пренесуваат најразлични болести кои се присутни и во Европа и регионот, од типот на Зика, Нилска треска, маларија, лајшманија“ се вели во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека само во државите на ЕУ оваа година се пријавени 51 случај на заболени од Западно-Нилска треска, додека во Србија се пријавени дури 70 случаи.

„Шилегов и СДСМ најобичното прскање против комарци го претворија во епохална битка која не можат да ја победат, а сето тоа го трпат граѓаните. Животот и здравјето се загрозени. Амбулантите секојдневно се полни со граѓаните кои се жалат на разни инфекции, алергии и убоди кои се резултат на наездата на комарци и неспособноста на Шилегов да се справи со нив. Наместо граѓаните да бидат приоритет и да се решеше овој проблем уште пред неколку месеци, Шилегов ги остави комарците да умираат од старост. Најтрагикомично во целата ситуација е што градските служби се обидоа да ги изманипулираат граѓаните дека вршат прскање против комарци со старо видео прикачено на интернет“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Кога веќе граѓаните не можат да се спасат од комарците, нека се спасат од Петре Шилегов. Шилегов нека ги спаси скопјани што побрзо и нека си даде оставка, бидејќи градоначалник на Скопје не е место кое може да се раководи со неспособност, незнаење, неработење и незаинтересираност“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?