ВМРО-ДПМНЕ: Шекеринска одвојува 1 милион евра за референдумот, а војниците се без униформи и чизми

Од:

„Армијата се соочува со најлошите услови за работа од нејзиното основање. Војниците од 30-тина населени места во државата три недели немаат платен превоз, работата во стари униформи и недостаток на храна, но Шекеринска од Буџетот за Армијата одвојува 1 милион евра референдумска кампања.

Срамно е да одвојуваш 1 милион евра за референдум, а да оставаш над 8.000 војници без униформи и чизми. Шекеринска пред само две недели го поништи тендерот во висина од 750 илјади евра за набавка на нови униформи и ги остави војниците со стари униформи.

Целосна неодговорност е да одвојуваш 1 милион евра за референдумска кампања во услови кога 1 милион евра чини 4 месечен платен превоз на сите релации на АРМ со кој се превезуваат над 8.000 војници.

Неодговорно е да одвојуваш 1 милион евра кога Армијата има недостаток на толку многу работи.

Граѓаните треба да знаат дека Шекеринска одвојува 1 милион евра за разубавување на капитуланскиот договор, во услови кога за обука на целата армија со над 8.000 припадници, министерството годишно троши 1 милион евра.

Изградба и реконструкција на објекти на Министерството за Одбрана за цела година одвојува само 620 илјади евра.

750 илјади евра Шекеринска одвојува за тековни одржувања на објекти и инфраструктура на цела АРМ за цела година, а 1 милион евра за референдумската кампања.

Шекеринска е целосно неодговорна и расипнички се однесува со парите на Министреството за одбрана. Со Шекеринска на чело војниците мака мачат и страдаат, додека таа се луксузира. Ова мора да запре, Шекеринска е неспособна да го води Министерството за одбрана. СДСМ мора да си оди“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже од каде 500.000 долари за инвестиции и златна виза во Дубаи

А1он

Ангелова: Опозицијата шири лаги, инфлацијата во државата се стабилизира

ВМРО-ДПМНЕ: ЕСМ бил партиски плен на СДС и ДУИ, два милиони евра се „испрани“ преку тендер

ВМРО-ДПМНЕ: Лага е дека се суспендирани средствата од ИПАРД програмата

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место