ВМРО-ДПМНЕ: Шегите на Ковачевски наскоро ќе му преседнат кога ќе се соочи со реалноста

Од:

Легендата вели дека Димитар Ковачевски уживал дури 50% доверба во една поголема скопска општинска организација на СДС. После таа анкета тој престанал да чита анкети и да се распрашува колкава доверба ужива меѓу граѓаните. Нема истражување на јавното мислење кое не покажува дека рејтингот на власта стрмоглаво паѓа и дека огромно мнозинство од граѓаните мислат дека Македонија со владата на Ковачевски оди во погрешен правец. Но остануваме на ставот дека најдобрата анкета за ставот на граѓаните се претстојните избори, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Во Македонија никогаш не било полошо. Државата има најнизок раст на БДП во регионот, долгот ги руши сите рекорди, а околу 600 илјади граѓани живеат во сиромаштија. Криминалот и корупцијата цветаат, а судството и обвинителството се впрегнати во јаремот на оваа Влада само и само функционерите да крадат а институциите да молчат. Шегите на Ковачевски наскоро ќе му преседнат, кога ќе се соочи со реалноста. Важно е да ги поразиме и оваа неспособна и криминогена власт да си замине – тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ