ВМРО-ДПМНЕ: Селективната правда е неправда и создава револт

Од:

„Државните институции и државата се заробени од хунтата на власт. Правосудниот систем работи под диктат и штанца конструирани обвиненија за политичките неистомисленици на власта.

Монтираниот случај за наводен тероризам против 36 македонски патриоти е целосно неоснован и е со цел заплашување на секој еден кој се решил да крене глас против оваа недемократска власт.

Неправдата се чувствува на секој чекор. Селективната правда е исто така неправда и создава револт.

Народот е уценет, а на љубовта кон татковината се гледа како кон грев, кој се казнува. Ова е епилогот од 6 месечното владеење на СДС.

Целата држава е ставена под контрола на власта, медиумите се притиснати, а граѓаните во страв. Додека се продаваат националните интереси и се спроведуваат штетни политики власта го дефокусира народот со разни спинови, лаги и конструкции.

Селективноста на власта се гледа во пуштањето на убијците од Смилковско езеро на слобода, додека во исто време ги затвори 36-те македонски патриоти кои мирно и искрено протестираа 59 дена.

Во 21 век, во современа Европа, ние се соочуваме со хунта кој апси политички неистомисленици. Секој што размислува различно е под закана од обвиненија. Оваа неправда мора да запре. Притисоците,
заканите и уцените не смеат да бидат наше секојдневие. Потребна е слобода за сите неправедно обвинети. Македонија мора да оди напред.

ВМРО-ДПМНЕ бара слобода за патриотите. ВМРО-ДПМНЕ бара да запрат неправдите, хајките и местенките.

ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на улиците се додека ова лудило на власта не престане.

ВМРО-ДПМНЕ денес ќе изврши блокирање на следните крстосници во период од 15 – 17 часот:
– Крстосницата кај Мавровка;
– Крстосницата помеѓу улиците „Васил Чакаларов“ и „Ангел Динев“ во Карпош;
– Крстосницата кај „Рампа“ во населбата Кисела Вода.

Воедно ВМРО-ДПМНЕ ќе организира и протест пред Министерството за правда, на улицата „Димитрија Чуповски“, денес во 18 часот, каде ќе има повеќе обраќања пред присутните“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ

Лефков: Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар

Предраг Петровиќ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

ВМРО-ДПМНЕ: СДС вината за тонењето треба да ја бара кај себе, а за навредите мора да им се извини на граѓаните

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ