ВМРО-ДПМНЕ: Секогаш приоритет ни биле евро-атланските интеграции

Од:

„Стратешкиот приоритет на ВМРО-ДПМНЕ секогаш бил и ќе биде евро-атлантскиот процес и членувањето на Република Македонија во Европската Унија и НАТО. ВМРО-ДПМНЕ изминативе години напорно работеше за да ја придвижи Македонија кон евро-атланското семејство и резултатите се евидентни.

Благодарение на напорното и посветено работење на ВМРО-ДПМНЕ, воведена е визната либерализација и граѓаните можат да патуваат без визи.

Република Македонија во изминатите години доби осум позитивни препораки за отпочнување преговори со Европската Унија, исполнувајќи ги сите услови за членување. Причината зошто сеуште не се отпочнати преговорите им е добро позната на граѓаните.

Македонските одбранбени сили активно учествуваат во сите мировни мисии на НАТО, каде што се докажуваат во најдобро светло, рамо до рамо со светските воени сили.

За жал, единствено што паметиме на надворешен план од СДС е ветувањето за виткањето на кичмата, промена на името на нашата држава, како и прифаќање на Платформа на друга држава за редефинирање на Република Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ како до сега, така и во иднина ќе биде насочена на курсот на патот за евро-атланските интеграции“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ