ВМРО-ДПМНЕ: Секогаш го остваруваме тоа што ќе го ветиме

Од:

Транспарентноста и отчетноста се еден стандард, кој што ВМРО-ДПМНЕ го воведе во политиката во Република Македонија.

Тоа е стандард на кој што се базираа нашите политики и нашето политичко дејствување во минатото, тоа е принцип кој што го продолжуваме и денеска и кој што ќе го продолжиме и во иднина.

Денешната акција е во тој правец, продолжуваме она што го најавивме пред некој ден, можност граѓаните да даваат свои идеи, сугестии и предлози до ВМРО-ДПМНЕ, за претстојните локални избори во 2013 година.

Нашата цел е да ги слушнеме тие предлози, да ги разгледаме. Имаме специјално формирана стручна експертска комисија која сериозно со големо внимание ќе ги разгледа сите предлози, идеи и сугестии и врз основа на тоа ќе направи процена што од тоа може да влезе во програмата за следните локални избори.

Оваа е од исклучителено големо значење затоа што ВМРО-ДПМНЕ, при креирањето на програмите се води особенои од аспектот да она што ќе го предвиди во програмата биде остварливо, затоа што и во минатото покажавме дека она што го ветуваме, работиме напорно да го оствариме и го реализираме. И се чуваме на некој начин од давање на нереални ветувања и креирања на нереални очекувања.

Но отворени сме за сите идеи, за сите сугестии и сите предлози кои што со внимание ќе ги разгледаме.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито