ВМРО-ДПМНЕ: Седум причини зошто е урнисано судството

Од:

МАКЕДОНИЈАВМРО-ДПМНЕ: Седум причини зошто е урнисано судството, кое Ковачевски, Заев, СДС и ДУИ го расцветаа до крајОбјавено пред 18 минути – 19 декември, 2022Од Макфакс

Ковачевски, но и СДС и ДУИ не треба да изигруваат изненадени од состојбите во правосудството, затоа што тие им кумуваа на сите процеси кои доведоа до урнисување. Ковачевски и СДС до крај го расцветаа судството по истиот принцип како што почна Заев, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„Состојбите ескалираа во последните неколку месеци во кои се случија низа скандали кои кулминираа со судска одлука за која сега Ковачевски и неговиот ортаци леат крокодилски солзи.

Прво, пред месец и половина се случи скандалозниот избор на нов шеф за обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, при што беше избран обвинител за кој два дена не можеа ни слика да му најдат, а не пак некое позначајна обвинителска работа. Впрочем за овој случај негативно се произнесе и самата американска амбасадорка, но и други дипломати чии земји инвестирале милиони од средствата на нивните даночни обврзници за да се изградат институционални капацитети во Македонија. Кога конечно најдоа фотографии од новиот шеф на ЈОГОКК се испостави дека се сликал со половина врв на ДУИ. Ковачевски ова проба да го заташка.

Второ, после тоа следеше изненадувачката оставка на претседателката на Судскиот Совет Павлина Црвенковска, која обвини дека во Македонија владее бизнис-судска елита. Власта на Ковачевски и ова проба да го заташка.

Трето, изборот за наследник на Црвенковска во Судскиот Совет беше уште поскандалозен, односно беше избран нов претседател од фото албумот на СДС. Избрана беше Весна Дамева, партиски активист на СДС која од судски приправник дојде до врвната позиција која ќе оценува, именува и разрешува судии, иако самата нема ни ден стаж како судија. Власта и Ковачевски и ова го премолчаа.

Четврто, изби скандалот со начинот на кој синот на Талат Џафери го положил правосуден испит без да има завршено соодветно образование за тоа. Овој скандал извади на виделина над 400 вакви случаи за прекршување на нормите и правилата и Ковачевски и власта премолчаа колку од ваквите правници денес се на функција во правосудството.

Петто, очигледен е башибозлукот кој владее во Академијата за судии и обвинители во која не се знае кое функционерско дете како се запишало, ама се знае дека наскоро ќе заврши и ќе се вгнезди во трулиот правосуден систем. Оваа Академија ја води кадар предложен на СДС и затоа Ковачевски не може да се прави паднат од Марс за состојбите во правосудството.

Шесто, поразителен е податокот дека само 20% од зацртаната годишна стратегија за борба против корупцијата е реализирано од страна на институциите. Тоа покажува дека власта на Ковачевски нема волја да се справува со корупцијата, затоа што самите се извор на криминал и коруптивни зделки.

Седмо, дојде американски тим за гонење на корупција како резултат на неспособноста на домашните институции предводени од СДС и ДУИ. Тоа предизвика паника во нивните редови и почнаа самите меѓу себе да се обвинуваат кој колку не сработил. Нус производ од тоа е и признание на СДС дека Јовески бил некадарен и не заслужува да биде Уставен судија, иако буквално до вчера инсистираа за негов избор. И ова Ковачевски и власта се обидуваат да се забошоти“ велат од партијата.

Ковачевски не само што има одговорност за состојбите во правосудството, туку за тоа и ќе одговара пред народот, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„ Сите обиди за партизација и инструментализација на правосудството им се вратија како бумеранг. Ковачевски нека не се прави наивен и невин што се чуди за состојбите и одлуките во правосудството, туку треба да знае дека сето тоа е резултат на нивната партизација и политика на „расцветување“ на судовите и обвинителствата. Тоа што СДС го дробеше сега се срка“ порачаа од опозициската партија.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: За прв пат во историјата на Македонија наеднаш се градат многу училишта, градинки, спортски објекти и патна инфраструктура

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Албанците не се загрозени – загрозени се само милионските шеми и криминалните комбинации на ДУИ

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче, 20 дена не е појавен во Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Добиени се три арбитражни постапки и има заштеда во Буџетот од 565 милиони евра

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Манасиевски: Фризерница во време на Заев, добива проекти за медиумска писменост преку Еразмус +, вредни над 270 илјади евра

ВМРО-ДПМНЕ: Братот на Диме Велковски се офајди од добиените пари од Еразмус +

Горан Наумовски