ВМРО-ДПМНЕ се разочарани што СДСМ не го честиташе Денот на македонската револуционерна борба

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ изразува длабоко разочарување од односот на СДС кои денес не најдоа елементарна државничка сила да испратат честитка до граѓаните по повод Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври. Овој потег на СДС покажува целосно непочитување кон историските вредности и борбата на македонскиот народ за слобода и независност“ велат од владејачката партија.

Оттаму порачуваат „Каде е СДС да го честита празникот, или можеби и натаму Венко Филипче размислува како претходниот Зоран Заев дека Бугарите биле администратори, а дека македонскиот јазик не постои? Дали навистина СДС сметаат дека македонската држава се создала без никаква борба и жртва како што тврдат во Бугарија и како што кажа Заев“.

„За разлика од СДС, ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на одржувањето на овие свети идеали и на чувањето на македонскиот идентитет и национално достоинство. Ги повикуваме граѓаните да се обединат околу вредностите кои нè поврзуваат и да продолжат да ја слават борбата за слободна и суверена Македонија, бидејќи револуционерниот дух е жив и борбата за нашата татковина продолжува“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски