ВМРО-ДПМНЕ: Се намалија цените на над 1,000 производи, се зголемуваат плати и пензии

Од:

СДС се тие кои го осиромашија народот. СДС се тие кои што наместо грижа за граѓаните единствено се грижеа за збогатување на нивната, така наречена елита која профитираше милиони преку матни и тендери договорени во четири очи. СДС се тие кои што во време на нивното седум годишно владеење пред прагот сиромаштија и на просјачки стап, со по 150 денари на ден донесоа над 500 илјади македонски граѓани. СДС се тие кои што од позиција на власт го зголемија ДДВ за прехранбените производи, што директно придонесе за зголемување на цените, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС се тие кои што ја уништија македонската економија, доделувајќи им финансиска поддршка на фирми блиски до нив, а вистинските стопанственици беа оставени сами на себе да се снаоѓаат како знаат и умеат со предизвиците од економската и енергетската криза. Тоа доведе и директно до намалува на животниот стандард на граѓаните.

За разлика од СДС, ВМРО-ДПМНЕ покажува грижа за македонските граѓани и работи на одржлив начин да го подобри животниот стандард на граѓаните. Во првите шест месеци од преземањето на одговорноста да ја води Владата, го запре слободниот пад на економија и годинава веќе ќе се работи на нејзино заживување.

Странските директни инвестиции, кои се директно поврзани со развојот на економија и со животниот стандард на граѓаните, за прв пат после долги години се историски највисоко ниво, околу милијарда евра.

Се зголемија пензиите и платите во многу области како здравство, образование и истите ќе продолжат да се зголемуваат и годинава, кое ќе продолжи до крајот на четири годишниот мандат.

Во однос на зголемувањето на цените на производите, владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ презема конкретни мерки како ограничување на профитната маржата и производни кошнички во кои се најдоа над илјада производи со намалени продажни цени. А, исто така, продолжија и контролите на терен за да се види како овие мерки се спроведуваат“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: За отвореното како пупка судство на Заев младиот живот изгубен на пешачки вреди две години

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ја сака власта за да договара тендери во четири очи

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Судскиот совет денес ја обелодени вистината – за нив, животот на Теодора вреди две години затвор

ВМРО-ДПМНЕ: Левица и Апасиев декларативно беа против извршители, а на дело од нив купуваат одземен имот од граѓани

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не може да престане да лаже, сопственикот на џипот е казнет

(ВИДЕО) Спасовски: Градоначалникот на Крива Паланка шири паника и манипулира пред избори