ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ за пругата кон Бугарија создаде зголемување на трошоците од 200%

Од:

Доколку СДСМ изминатите години изгради барем еден проект или објект можеби ќе знаеше дека при изградбата секогаш се појавуваат непредвидени работи во градбата, за кои секогаш се креира анекс на договорот, одговори ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата на СДСМ дека со анекс-договори за комплексот „Карпошово Востание“ се потрошени дополнителни милиони евра за кои јавноста не знае.

Во писмената реакција ВМРО-ДПМНЕ посочува дека сите анекси за кои говорел потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски од СДСМ се дополнети согласно Законот што тоа го регулира и зголемувања согласно со предвидените максимални 30 проценти од износот на основната набавка.

– Впрочем за проектот Скопје 2014 се произнесе и т.н. ревизорска комисија која ја создаде општина Центар која се користеше само со политички квалификации, наместо со прецизни правни факти. Тоа значи дека ниту СДСМ, ниту нивната т.н. ревизорска комисија, ниту тогаш, ниту сега не најдоа неправилности во сите проекти, затоа што целокупната постапка се водеше транспарентно и согласно со законите, се вели во писената реакција.

Во неа се додава дека доколку Манчевски сакал пример за непотребно зголемување на првичните трошоци за градба на еден проект кој никој пат не се реализира, треба да го погледне проектот за изградба на железничката пруга кон Бугарија која СДСМ ја започна во 1994 со ветување дека ќе ја заврши за две години.

– Тие пред граѓаните се обврзаа дека ќе ја изградат пругата кон Бугарија за 140 милиони тогашни марки, за потоа основното чинењето на проектот да го зголемат за дополнителни 300 милиони марки. Тоа значи дека СДСМ создаде зголемување на трошоците од неверојатни 200% повисока вредност на проектот, кој за жал и никојпат не го заврши. Парите тогаш СДСМ во целост ги исплатија за проект кој не го реализираа. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во писмената реакција од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојаноски: Филипче сакал да му ја земе болницата на Жан Митрев, Обвинителство веднаш да го истражи случајот

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на страната на Мадуро, молкот на СДС е одбрана на криминалот и диктатурата

ВМРО-ДПМНЕ: Политичка тишина, СДСМ не реагира за апсењето на венецуелскиот лидер