ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ врши политички притисок врз сопствениците на угостителски објекти

Од:

Васко Василевски од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава во медиумите рече дека изминативе денови имало масовни инспекциски контроли без суштина, каде што на мета биле сите угостителски локали на територијата на општина Аеродром.

– Два култни локала во Аеродром, „Палма“ и „Тренд“ се веќе затворени од инспекциите, а во останатите угостителски локали инспекциите продолжуваат со тортурата. За жал реалниот впечаток и вистинската причина е всушност дека се работи за класични политички притисоци од страна на новата власт на СДС кон сопствениците на угостителските објекти. Реалната причина за затворањето на локалите е тоа што на шеќерчињата кои ги служеле го има логото на општината Аеродром, рече Василевски.

Според него, основна причина за инепекциите било тоа што СДСМ биле исплашени дека ја немаат поддршката во Аеродром и биле исплашени за успехот на општината.

– Се лажете доколку мислите дека преку закани и притисоци ќе си го кренете рејтингот. Ова што СДС го прави во Аеродром е класична политичка злоупотреба на институциите. Со политичките притисоци преку полугите на власта, односно партиско-политичките инспекции, нема да ги исплашите граѓаните и бизнис секторот и со ова само им потврдувате на граѓаните кој е вашиот начин на владеење, рече Василевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ЗНАМ се дели, ВМРО прави ново движење за создавање контролирана и раситнета опозиција

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Сѐ што има Мицкоски е стекнато чесно и законски

Горан Наумовски

„За ВМРО-ДПМНЕ нема подобро решение од Венко Филипче – проблемот е што тој е штетен за Македонија“, реагираат од владејачката партија

А1он

(ВИДЕО) Стојаноски: СДС и ДУИ наместо да се надминат себе си, одлучија да тераат инает

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го смени Членот 353 со кој си се амнестираше од криминалот, сега бара негови измени

ВМРО-ДПМНЕ: Грегоријанецот Венко треба добро да ги проучи календарите