ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ во Битола е синоним за октопод

Од:

Довербата која се гради пред граѓаните е процес кој се заоснова врз факти и изработени дела. Денес СДСМ се во Битола, градот кој доживеа убедливо најголема штета од владеењето на Бранко Црвенковски.

СДСМ во Битола е збор кој е синоним за октопод и измамени штедачи, а нивните дела се невработеноста и изгубени надежи, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во време на СДСМ, кога Бранко Црвенковски беше премиер на Македонија се случи најголемата пирамидална финансиска измама во историјата на Македонија, ТАТ, во која беа измамени 30. 000 граѓани кои останаа без своите заштеди. Над 120. милиони германски марки беа проневерени од граѓаните на Битола. Во време на Бранко Црвенковски и СДСМ во Битола се затворија Битолатекс, се затвори Социјален борец, Иднина, се затвори Фринко, Прогрес, Јавор, Угостителство Македонија и уште еден куп други фабрики. Од овие капацитети 30.000 битолчани беа оставени без егзитенција“ реагираат од владејачката партија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ