ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ветуваше слобода, а донесе замолкнување на медиумите

Од:

„Правдата и демократијата заминуваат од Македонија. СДСМ ја гуши медиумската слобода. Јавноста e сведок на секојдневна цензура, притисоци и закани врз медиумите во државата.

СДСМ ветуваше слобода, а донесе замолкнување на медиумите. Се изрекуваат затворски казни за искажан став, се цензурираат емисии, а државни функционери навредуваат и заплашуваат новинари.

Власта на СДСМ декларативно се залага за демократија, но во реалноста нема ништо од тоа. Се кршат правата и слободите загарантирани со Устав без никој да сноси одговорност за тоа.

СДСМ и Заев секој ден се повеќе го покажуваат својот недемократски карактер.

Теророт и партиската контрола на СДСМ врз новинарството е само продолжение на теророт кој се спроведува против слободата на говор и политичките неистомисленици на оваа власт. Патриотите кои први се спротивставија на катастрофалните и антидржавни политики на СДСМ станаа жртва на политички прогон и монтирани и неосновани обвиненија за тероризам.

Правосудните органи наместо да работат во интерес на демократијата и владеење на правото, работат под диктат на СДСМ. Власта ги зароби судството и обвинителството и преку нив врши политички прогон на сите кои не се согласуваат и ги критикуваат политиките на Заев и СДСМ.

Политичкиот прогон кој што се спроведува во Република Македонија мора да запре веднаш. Институциите што побрзо да се ослободат од стегите на власта на СДСМ и да застанат на страната на правото и демократијата, а патриотите да бидат ослободени од неоснованите и монтирани обвиненија.

Колку побрзо си замине СДСМ од власт толку побрзо ќе се вратат демократијата и слободата во Република Македонија.

Наместо власт која ја дефокусира јавноста со закани, притвори и неосновани обвиненија на невини луѓе, граѓаните заслужуваат власт која ќе ги решава нивните проблеми и ќе работи за доброто на државата“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ

Лефков: Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар

Предраг Петровиќ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

ВМРО-ДПМНЕ: СДС вината за тонењето треба да ја бара кај себе, а за навредите мора да им се извини на граѓаните

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ