ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ треба да престане да се удира во гради со фарсата „ајде на избори“

Од:

После вчерашниот исклучително слаб, блед и збунет настап на пратеничката група на СДСМ во Собранието, денешната прес конференција на Бранко Црвенковски е со причина да се покрие лошиот впечаток во јавноста за СДСМ.

Но за жал Бранко Црвенковски денеска го повтори истиот говор што Јани Макрадули вчера го говореше во Собранието. Оваа фарса со удирање во гради за јакнење на сопственото членство кое веќе ни на митинзи не им доаѓа, а и со гласно повикување “ајде на избори” мора да престане.

На граѓаните им е преку глава од ваквите празни зборови, граѓаните очекуваат конкретни проекти и мерки со кој што државата треба да се справува со последиците од Светската економска криза и со кои треба да се остваруваат интересите на граѓанте.

ВМРО-ДПМНЕ има обврски кој што сме ги превземале пред граѓаните, ние тие ги исполнуваме и ќе продолжиме да ги исполнуваме.

Овие ситни трикови за тоа кој ќе испадне мангуп ви ги оставаме вам бидејки само тоа знаете да го зборувате и не знаете да говорите ниту за проекти, ниту за мерки и конкретни активности.

Говорот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во текот на вчерашниот ден во Собранието на Р.Македонија беше прецизен и јасен, тој се осврна и на темата избори како и на сите актуелни политички прашања. Ние немаме намера да бидеме партнер во една празна дискусија што СДСМ се обидува да ја наметне во Македонија.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: Скопје е град на слоеви – град на историја, уметност и визии

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ крадеше, правеше предавства и ги уништуваше институциите

СДСМ: Скопје се гуши поради неспособноста на власта и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО–ДПМНЕ вечерва објави 16 кандидати за градоначалници

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Дали службите за безбедност под водство на кадри на СДС го следеле и прислушкувале Мицкоски со знаење на Коцевски?

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Филипче ги штити луѓето кои прислушкувале и обвинителите кои тоа го дозволиле