• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ создава хаос во земјоделието

by А1он17/08/2017 - 08:22194
Share0

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагираше на прес-конференцијата на Благој Бочварски.

Добивај вести на вибер

„СДС создава хаос во земјоделието.

Сите мерки кои што денес СДС се обидува да ги присвои и да ги презентира како свои се резултат на работата и политиките на ВМРО-ДПМНЕ кои ги градело и спроведувало во функција на земјоделците.
СДС се што прави е лажење на земјоделците и злоупотреба на нивниот труд. СДС вети 6 милиони евра интервентен фонд истиот никаде го нема, СДС вети зелена нафта за земјоделците, а со ребалансот нема предвидено средства за истата, СДС вети 20 милиони евра дополнителни субвенции за земјоделците, пари кои исто така СДС не ги одвои.

Владата на СДС исплати 25 милиони евра кон тутунарите по проект на ВМРО-ДПМНЕ. СДС скрати дополнителни 159 милиони евра денари за водостопанство, 128 милиони денари за капитални расходи и 100 милиони денари за рурален развој. СДС се што вети излажа. СДС ги прелажа земјоделците.

Во 2006 година ВМРО-ДПМНЕ наследи пустош во земјоделството, кое СДС го оставија со слаби институции без никакви развојни политики и со буџет од нецели 6 милиони евра.

ВМРО-ДПМНЕ во изминативе 11 години инвестираше многу во земјоделието, го зголеми буџетот за 25 пати, односни 150 милиони евра, ги зајакна институциите, изгради нови и благодарение на успешните политики успеа да стане корисник на ИПА фондовите што ги доделува ЕУ.

СДС се однесува неодговорно кон земјоделците. СДС го уништува македонското земјоделие. За ваквиот неодговорен однос кон земјоделците СДС ќе биде казнет на следните локални избори“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

vmro-dpmne

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го смени Членот 353 со кој си се амнестираше од криминалот, сега бара негови измени

Горан Наумовски23/01/2026 - 12:38

ВМРО-ДПМНЕ: Грегоријанецот Венко треба добро да ги проучи календарите

Горан Наумовски20/01/2026 - 09:40

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски20/01/2026 - 09:0620/01/2026 - 09:07

(ВИДЕО) Стојаноски: Филипче сакал да му ја земе болницата на Жан Митрев, Обвинителство веднаш да го истражи случајот

А1он17/01/2026 - 16:3317/01/2026 - 18:49

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски08/01/2026 - 14:2208/01/2026 - 14:55

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

Горан Наумовски05/01/2026 - 15:28
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен