ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ шиканира партиски неистомисленици, а вработува партиски активисти

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на соопштението на министерството за труд и социјална политика.

„СДСМ врши груба партизација на институциите. СДСМ првин спроведе брутален партиски реваншизам и остави без работа голем број вработени во градинките на улица, за сега да распишува оглас за партиски подобните.

Додека од позиција на власт вела дека има превработеност во администрацијата, сега секојдневно распишуваат огласи за привремено вработување, но и за вработување на неопределено време.

Десетици вработени од детските градинки ширум државата останаа без своите работни места како резултат на партискиот реваншизам по доаѓањето на СДСМ на власт.

Десетина отпуштени од детските градинки ширум државата, намерно не им беа продолжени договорите и беа оставени на улица, само затоа што не се СДСМ.

СДСМ исто како и во 90тите си поигрува со судбините на луѓето, оставајќи ги без основни средства за егзистенција. Типично за СДСМ се шиканираат партиските неистомисленици, а се вработуваат партиски активисти“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал