ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се убедува да ги убеди граѓаните дека Франција, Холандија и Данска се непријатели на Македонија

Од:

„СДСМ ветуваше членство во ЕУ и НАТО за шест месеци. Помина една година од владеењето на криминалниот картел, а не само што нема членство во ЕУ и НАТО туку Македонија добива се поотворени критики за корупцијата на сите нивоа, партизираното и клиентелистичко судство и заробената држава.

СДСМ и криминалниот картел на власт преку написи во провладини медиуми се обидуваат да ги убедат граѓаните дека Франција, Холандија и Данска се непријатели на Македонија, дека не ја сакаат земјава и затоа пишувале неточни извештаи.

За жал на граѓаните, катастрофалната политика на криминалниот картел на власта не може да се прикрие. ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше дека неспособната власт ја носи Македонија во пропаст. Зоран Заев и неговите послушници мислеа дека сето тоа ќе го покријат со лажни вести во исплашените домашни медиуми. Сега гледаме дека не е така. Една година по владеењето на Зоран Заев е јасно дека нема отпочнување на преговорите за членство во ЕУ, ниту пак датум за отпочнување на преговорите.

Време е Заев и неговите соработници да понесат одговорност за неуспехот. Време е Заев и неговите соработници да престанат да глумат опозиција.

ВМРО-ДПМНЕ во време на своето владеење за разлика од СДСМ и во најтешката светска финансиска криза обезбедуваше економски раст и се избори за визна либерализација и позитивни препораки за отпочнување на преговорите за членство во ЕУ“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал