ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се обидува со политички прогон и монтирани судски процеси да ја прикрие неспособноста

Од:

„Власта на СДСМ претера со расфрлање на парите на граѓаните. Почна да склучува сомнителни договори во четири очи тешки по неколку милиони евра со образложение дека им било итно. За ваквата итност и за ваквата аздисаност се плаќаат двојно повисоки цени. Овие цени власта на СДСМ не ја загрижуваат бидејќи се покриваат со пари на граѓаните. Затоа бараат начини за да ги покријат ваквите скандали, како милионскиот скандал што го предизвика неспособното раководство на РЕК Битола.

Јавноста целосно е дефокусирана од катастрофалната економска и државна политика на СДСМ, преку монтираните судски процеси на десетици видни општествени дејци, неосновано обвинувајќи ги за тероризам.

СДСМ очајно се обидува преку политички прогон и со монтирани судски процеси да ја прикрие неспособноста која секојдневно ја покажува на секое поле од своето владеење.

Македонија е заробена држава и е единствената држава во Европа која има политички затвореници.

Со секој ден поминат во притвор на овие интелектуалци, уметници, архитекти, доктори, глумци, пратеници Македонија е се по далеку од интеграција во ЕУ и НАТО, по далеку од демократијата и демократските принципи на кои овие две меѓународни организации се базирани.

Судот час поскоро треба да го запре овој прогон и да се ослободи од стегите и влијанијата на Зоран Заев и СДСМ. Судиите мора да го почитуваат Уставот и законите, кои ги гарантираат човековите права на секој граѓанин без разлика на неговата политичка определба или политички став. Притворот на овие лице е неоснован, а аргументите се целосно на страна на неправедно притворените.

Новата влада покрај тоа што секој ден не оддалечува од евроатланските институции и нивните принципи ја уназадува државата на во секој поглед. Македонската економија во државата тоне и е пред тотален колапс, а токму на тоа укажуваат и сите макроекономски показатели. Граѓаните се посиромашни, а оние работи кои можеле пред една година да си ги дозволат сега не можат ни да ги замислат. Давачките растат, а платите и пензиите кои во за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ растеа веќе една година стагнираат.

Во интерес на државата и граѓаните СДСМ треба да почне да се занимава со решавање на проблемите на граѓаните, реализирање на предизборните ветување кои ги имаа кон гласачите, да работи кон подобрување на економијата која е во очајна состојба и да се откаже од политичкиот прогон“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал