ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се исплашени, затоа бегаат од одлуката за распишување предвремени парламентарни избори

Од:

„СДСМ се исплашени. Знаат дека народот веќе нема намера да ги трпи нивниот криминал и неспособност и затоа избегаа од одлука за распишување предвремени парламентарни избори.

Оставија Зоран Заев да донесе да одбере помеѓу интересите на народот и државата од една страна и интересите на криминалниот картел од друга.

Предвремените парламентарни избори се единствен спас за Македонија, која оваа власт ја зави во црно.

Црнилата се присутни секаде, во економијата, здравството, образованието, земјоделието, безбедноста, социјалната заштита, буквално во секој сегмент од општеството.

СДСМ две години не направи ништо за државата и граѓаните. Потрошија милијарди евра народни пари, а нема ниту еден проект. Сите инфтаструктурни зафати од време на ВМРО—ДПМНЕ беа запрени, за сега по две години да продолжат таму каде што ВМРО—ДПМНЕ застана.

Оваа власт буквално го исцеди народот. Наместо парите кај граѓаните, ни се случува парите да одат кај картелот на власт и нивните фирми.

СДСМ не бира начин како да земе денар повеќе од џебот на граѓаните, затоа ги покачија и даноците и удрија врз пазарџиите, само со една цел, да има повеќе пари за зделки во четири очи и милионски тендери на кои најчесто добиваат фирми основани непосредно пред објавување на огласите.

СДСМ ја претвори Македонија во криминална држава. Според индексот на корупција на Транспаренси, државата е на 107 место во друштво со земји како Танзанија.

Понижувањето на државата и хаосот не смеат да продолжат. СДСМ мора да си замине. Црнилата ќе бидат поразени. Зората мора да изгрее. Потребни се итни предвремени парламентарни избори. СДСМ треба да се охрабри и барем еднаш да го стави интересот на граѓаните пред тој на партијата и криминалниот картел“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Поддршката на СДС и ДУИ за Коцевски ги фрла во вода сите нивни прес-конференции за Кочани

ВМРО-ДПМНЕ: Апасиев да каже колку пари зел од своите тогашни шефови, денес главни фигури во обвинителството?

ВМРО-ДПМНЕ: За ситни политички поени, СДС ја стави Македонија во пламен

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски да ја прими пораката на Собрание и да поднесе оставка

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Пријавите против Митовски покажуваат дека тој не е жртва, туку локален шериф кој тепа граѓани

ВМРО-ДПМНЕ: Владата продолжува со инфраструктурен развој на државата