ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не може да им забрани на луѓето да го кажат својот став

Од:

„Денешната прес конференција на Гордан Георгиев е доказ за тоталитарниот ум кој што сеуште владее во СДСМ, кој се сведува на тоа, секој кој што во оваа држава има различен став од оној на Бранко Црвенковски и е спремен да го каже, за СДСМ е или партиски војник или платеник“.

Вака реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на Гордан Георгиев и според партијата на власт, тој „треба да биде свесен дека на Бранко Црвенковски во оваа држава му веруваат само 8% од граѓаните и заради ваквите нивни ставови сите други граѓани се навредени“.

„СДСМ не може и не смее да им забранува на луѓето да го кажуваат својот став само затоа што тој поразличен од оној на Бранко Црвенковски.

Г-дине Гордан Георгиев, во СДСМ можете да ги замолчувате луѓето, можете и со сила да ги довлечкувате на прес конференција да го лажат членството дека се е како подмачкано, меѓутоа граѓаните ќе си го кажуваат тоа што го мислат.

Со денешната прес конференција Гордан Горгиев призна дека сите оние фотографии кои говореа дека партиски членови на СДСМ се во раководството на АМАН, се вистина и дека СДСМ како партија ја организирале и злоупотребиле оваа граѓанска иницијатива“, пишуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ